Овластен дистрибутер
Официјален добавувач на Huawei и LONGi Solar. Обезбедуваме соларни панели, инвертери, конструкции, батерии и EV полначи директно од изворот.
Гаранција и замена
Секоја компонента е покриена. Ако некогаш се појави дефект ја заменуваме, брзо и едноставно.
Техничка поддршка
Ви помагаме пред и по купувањето. Водство при избор, совети за поставување и постојана техничка поддршка кога ви треба.

Fusion Solar паметен фотоволтаичен систем
Вашето се-во-едно решение за производство на соларна енергија, складирање, полнење и потрошувачка. Дизајнирани за подобра , попаметна и позелена иднина.
Huawei обезбеди
чиста енергија за
3.9
милиони
домаќинства
Современите домаќинства и бизниси се соочуваат со зголемени трошоци за електрична енергија, и непредвидливи прекини во снабдувањето.
Huawei го решава овој проблем преку напредните решенија за соларна енергија што обезбедува непречено снабдување со енергија, автономија од мрежата и долгорочна стабилност и целосна контрола врз вашите месечни трошоци.
Паметен ФВ систем кои ќе ги преполови сметките за струја!

Huawei паметен контролер за енергија ( инвертер)
Обезбедува стабилно и сигурно напојување за секој дом или бизнис.Интелигентно управување со енергија преку апликацијата FusionSolar овозможува целосна видливост и контрола без напор, во секое време и од било каде.
Huawei Luna батериски систем
Чувајте ја сончевата енергија за ноќи, или облачни денови. Модуларен и може да се прошири за да одговара на какви било домашни или деловни потреби - нудејќи чиста енергија 24/7.
Huawei SmartGuard
Централизирана интелигенција за безбедност и перформанси. Вклучува активен мониторинг, напредна заштита од пренапони, AFCI откривање на лак и системска дијагностика - заштитувајќи ги вашите луѓе и вашиот имот.
Huawei Power Optimizers
Зголемете ја ефикасноста со независно управување на секој панел. Овозможува секој соларен панел да го постигне максимумот дури и под сенка или нечистотија. Дополнитено овозможува брзо исклучување за зголемена безбедност.
Безбедност и заштита за вашиот имот од првиот зрак до последниот киловат

Издржлив на екстремни температури
Тестиран во сценарија со високи и ниски температури, контролорот може да работи правилно помеѓу -25 °C и 60 °C.Без разлика дали се работи за студени зимски утра или екстремно топли летни денови, системот останува целосно функционален
IP66 Оцена
Отпорен на прашина, силни водени млазови, песок, корозија, солена магла и други надворешни влијанија. Совршено прилагоден за сурови средини и долготрајна надворешна употреба.
Заштита од гром
Контролерот е успешно тестиран за DC/AC заштита од гром и вклучува вграден SPD (уред за заштита од пренапони), што елиминира потреба од дополнителна надворешна заштита. Вашиот систем е безбеден – и надвор и внатре.
Најнапредна технологија на пазарот
Безбедност на вашиот покрив!
Интелигентна AFCI заштита
Напредната AFCI технологија (Arc-Fault Circuit Interrupter) автоматски детектира опасни DC лакови и ги прекинува за само 0,5 секунди. Спречувајќи потенцијални пожари и обезбедувајќи заштита за вашиот дом, семејство и инвестиција.


Брзо исклучување (RSD)
Во итни случаи, функцијата за брзо исклучување (RSD) го намалува напонот на покривот на само 30 волти за помалку од 30 секунди. Ова овозможува безбеден пристап за техничари и значително ги намалува ризиците од електричен удар.
А што нуди Daluco?
Целосен систем за соларна енергија кој ќе ги намали или елиминира трошоците за електрична енергија.





